July 12, 2024 | | Свет
Кајл Вокер повторно е во центарот на вниманието каде „The Sun“ пишува дека играчот на Сити е на маки бидејќи неговата сопруга Ени Килнер и неговата љубовница Лорин Гудман допатувале во Германија за да ја бодрат Англија во финалето. На обезбедувањето на англиската репрезентација им било наредено да ја држат Лорин подалеку од зоната во која се наоѓаат фудбалерите на Англија и нивните семејства, за да се избегнат можни инциденти. „Лорин е проблематична, а најлошиот кошмар на Ени би бил средбата со неа. Нивните седиште на трибините се оддалечени помалку од 100 метри од оние на Ени“, тврди извор. Сопругата на Вокер со себе во Германија ги донела нивните четири деца, а Лорин единственото дете што го имаат. Како што тврди Лорин, Вокер ја криел вистината и од сопругата и од светот. Имал две семејства и се плашел што ќе се случи ако Ени дознае. „Постојано му велев дека нашата ќерка не може да биде тајна, таа е личност“, заклучила Гудман. Но, Вокер не застанал со глупостите. Тој наводно ги изневерувал и Ени и Лорин со трета жена, објавија медиумите во Англија претходно оваа година.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |