October 22, 2024 | | Свет
Жирона успеа да слави против Слован Братислава со 2-0, а оваа победа беше прва во својата клупска историја во најголемото европско клупско натпреварување. Македонскиот напаѓач Бојан Миовски почна од клупата, а влезе во игра во 24 минута по повредата на Иван Мартин. Миовски имаше добра шанса, но голманот на словачкиот тим успеа да спречи гол. Во 88. минута Жирона можеше да ја зголеми предноста, но голманот на Слован му го одбрани пеналот на Стуани. Резултати од третото коло на Лигата на шампиони: Милан – Клуб Бриж 3:1 Монако – Црвена звезда 5:1 Арсенал – Шахтјор 1:0 Астон Вила – Болоња 2:0 Џирона – Слован Братислава 2:0 Јувентус – Штутгарт 0:1 ПСЖ – ПСВ 1:1 Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 5:2 Штурм – Спортинг Лисабон 0:2
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |