August 10, 2024 | | Свет
Жирона и Абердин се во активни преговори за македонскиот фудбалер Бојан Миовски каде клубот од Шпанија ќе мора да достави нова понуда. Претходната понуда била над четири милиони фунти и истата била одбиена. Жирона наскоро ќе достави нова понуда и се очекува наскоро да дојде до конечен договор. Тимот од Шкотска сака поголема сума, се преговара и за бонуси, како и за процент од следната продажба на Миовски. Додека траат овие преговори, тренерот на Абердин, Џими Телин вели дека Миовски се однесува максимално професионално и покрај интересот за него. „Пред се тој е човек и за него во моментов има многу гласини, но Бојан се однесува навистина професионално. Тој е позитивно расположен, се шегува со сите и комплетно е фокусиран на тренинзите. Начинот на кој се подготвува е перфектен без разлика на ситуацијата, тој е комплетно фокусиран на Абердин“, вели тренерот Џими Телин.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |