June 18, 2025 | | Свет
По 30 години молк помеѓу двата најголеми фудбалски ривали во Каталонија, Барселона и официјално ангажираше играч директно од Еспањол – голманот Жоан Гарсија. Но, трансферот не помина без емоции и горчина. Додека голманот се прости со поранешниот клуб со трогателни зборови, од „бело-синиот“ табор не стаса ниту едно „благодариме“. Каталонскиот гигант потврди дека ја активирал откупната клаузула од 25 милиони евра (плус еден милион поради инфлација) и дека 24-годишниот Гарсија потпишал шестгодишен договор до 30 јуни 2031 година. Овој потег го најави и самиот играч неколку часа порано со емотивна порака на социјалните мрежи. „Дојде моментот да се разделам со клубот кој ми беше дом од 15-та година. Го дадов максимумот, ја носев честа и тежината на дресот со гордост и посветеност“, напиша Гарсија. Тој додаде дека одлуката била тешка, но добро промислена – во корист на неговата кариера и иднина. Во редовите на Еспањол пак нема место за сентименталност. Клубот беше ептен ладен во своето официјално соопштение. „Активирана е откупната клаузула на голманот Жоан Гарсија – 25 милиони евра плус инфлација со што завршува престојот на играчот во Еспањол.“ Ниту збор за благодарност, ниту признание за годините посветена служба – јасен сигнал дека преминот во најлутиот ривал се смета за предавство. Со тоа, Гарсија влезе во историјата како прв играч по три децении што го направил овој чувствителен чекор, оставајќи зад себе навивачка рана што нема лесно да зарасне.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |