Жоао Педро постигна два гола на деби мечот и го однесе Челси во финале! (ВИДЕО)

July 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Жоао Педро постигна два гола на деби мечот и го однесе Челси во финале! (ВИДЕО)

Жоао Педро го имаше дебието од соништата во дресот на Челси, постигнувајќи два гола и носејќи го лондонскиот клуб до победа од 2-0 над Флуминенсе во полуфиналето на Светското клупско првенство. Иако пристигна среде турнирот, откако беше купен од Брајтон, Педро веднаш се наметна и се покажа како одлично засилување. Тренерот Енцо Мареска му даде доверба да започне во стартниот состав, и 22-годишниот Бразилец целосно ја оправда шансата. Првиот погодок го постигна во 18. минута, со прекрасен удар од далечина, кој не му остави шанса на голманот на Флуминенсе. Во второто полувреме, по само 11 минути игра, повторно се запиша во листата на стрелци и ги постави конечните 2-0, резултат со кој Челси обезбеди пласман во големото финале. Во борбата за трофеј, Челси ќе се соочи со победникот од дуелот Реал Мадрид – ПСЖ, кој се игра утре од 21 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.