July 18, 2024 | | Свет
Зинедин Зидан го коментираше младиот Ламин Јамал како фудбалер и за него рече дека е фантастичен. „Може да бидете навивач на Реал Мадрид или некој друг клуб, но не може да не се забележи големиот талент на Ламин Јамал. Сите бевме изненадени од тоа како игра. Нема да биде чудно ако ја освои Златната топка, и тоа во многу блиска иднина. Тој е уникатен фудбалер. Јас да сум претседател на Реал Мадрид, ќе се обидев да го доведам во клубот“, рече Зидан. Јамал беше прогласен за најдобар млад играч на Европското првенство, а стана и најмладиот освојувач на златен медал. „На Европското првенство многумина велеа дека тој немал менталитет или зрелост да се соочи со важноста на настанот, но Јамал ги замолкна сите. Тој е шампион и најдобар млад фудбалер на турнирот“, додаде Зидан. Барселона реши да не го носи Јамал на американската турнеја на тимот за да не го преоптовари и му даде подолг одмор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |