Зидан седнува на најскапата клупа во светот?!

October 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Зидан седнува на најскапата клупа во светот?!

Роберто Манчини е се поблизу до отказ како селектор на Саудиска Арабија. Манчини во Саудиска Арабија заработува 30 милиони евра годишно, а наводно сега може да дојде до негова промена. Саудиска Арабија на последните натпревари два натпревари доживеа пораз од Јапонија и ремизираше со Бахреин. Како негова опција се споменува Зинедин Зидан, а наводно на Французинот може да му се понуди и поголема плата од онаа која ја има Манчини. Покрај Французинот, како можни замени за Манчини се споменуваат Аргентинецот Рамон Дијаз и Французинот Ерве Ренар. Ренар е веќе познато лице бидејќи претходно ја водеше Саудиска Арабија на Светското првенство во Катар каде успеа да ја совлада Аргентина во првото коло од групната фаза.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.