Зидан за најтешкиот противник во кариерата: Ми ја земаше топката без да ме допре

September 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Зидан за најтешкиот противник во кариерата: Ми ја земаше топката без да ме допре

Зинедин Зидан беше запрашан за тоа кои се најтешките противници кои тој ги имал во својата богата кариера. Тој се реши за двајцата дефанзивци кои главно настапуваа во Серија А и кои се сместуваат во редот на најдобрите. Негов најтежок противник бил Паоло Малдини за кого рече дека ја одзима топката без да те допре, а вториот најдобар бил Лилиан Турам. „Најтежок противник во смисла дека беше многу добар, а не во смисла дека сакал да удира – тоа беше Малдини. Беше премногу паметен и интелигентен на теренот. Многу пати ќе се најдев пред него и знаете што ќе се случеше. Тој ќе ми ја земеше топката без да ме допре. После него веројатно се наоѓа Турам кој беше многу цврст и секој беше среќен кога играше со него во ист тим. Ако тој игра против тебе, подобро да не играш“, изјави Зидан. Во моментов Зидан нема тренерски ангажман, а неодамна изјави дека многу чекал и дека е редно време да се врати.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.