Зијеш влезе во „војна“ со Галата: Никогаш не сум видел волку лош тренер, заминувам веднаш!

December 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Зијеш влезе во „војна“ со Галата: Никогаш не сум видел волку лош тренер, заминувам веднаш!

Хаким Зијеш објави дека во јануари ќе го напушти Галатасарај и изрази разочарување што се преселил во Истанбул, додавајќи дека никогаш не сретнал полош тренер од Окан Бурук. Своевремено тој беше клучен играч во Ајакс, тимот кој беше сензација во Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019, елиминирајќи ги Реал Мадрид и Јувентус, а само неколку секунди го делеа од финале со Ливерпул. По тоа, Зијеш направи преселба во Челси за околу 40 милиони фунти, но не успеа да се адаптира најдобро на „Стемфорд Бриџ“, па беше испратен на позајмица во Галатасарај минатата сезона. По успешната сезона во дресот на турскиот гигант, Зијеш го направи трансферот траен, но само неколку месеци подоцна ја донесе одлуката да замине. „Веќе им кажав на директорите на Галатасарај дека ќе го напуштам клубот во јануари. Никогаш не сум сретнал полош тренер од Окан Бурук. Искрено, воопшто не ме интересира што ќе се случува понатаму, за мене Галатасарај е завршена приказна. Не сакам повеќе да бидам дел од клубот, ќе си заминам во јануари. Жалам што се преселив тука“, изјави Зијеш.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.