Зиркзе ќе замине од Јунајтед, Аморим не смета на него

November 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Зиркзе ќе замине од Јунајтед, Аморим не смета на него

Според информациите на „Tuttosport“, Рубен Аморим сака да се ослободи од напаѓачот Џошуа Зиркзe. Тој дојде од редовите на Болоња за околу 37 милиони фунти на крајот на летото и потпиша договор за 5 сезони. Досега постигна еден гол на 11 натпревари каде најчесто влегува од клупата. Наводно, „црвените ѓаволи“ се подготвени да се разделат со играчот уште во јануари и чекаат понуди за него. Јувентус ја разгледува опцијата да го донесе Зиркзе на позајмица.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.