,,Златната копачка” и официјално е во рацете на Мбапе!

May 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

,,Златната копачка” и официјално е во рацете на Мбапе!

И покрај лошата сезона со Реал Мадрид, Килијан Мбапе има силна причина за задоволство – францускиот напаѓач ја освои престижната „Златна копачка“ како најдобар стрелец во европските првенства за сезоната 2024/25. Со 31 постигнат гол во шпанската Ла Лига, Мбапе собра 62 бода, што беше доволно да го надмине голгетерот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, кој реализираше импресивни 39 голови, но со нешто помалку бодови (58,5) поради понискиот коефициент на португалската лига (1,5 по гол наспроти 2 за Ла Лига). Ова е прва „Златна копачка“ во кариерата на Мбапе. Воедно, ова е и прво вакво признание за играч на Реал Мадрид по пауза од девет години – последен кој се закити со оваа награда беше Кристијано Роналдо во 2015 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.