Звезда направи пресврт за три минути и излезе како победник во дербито со Партизан (ВИДЕО)

April 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Звезда направи пресврт за три минути и излезе како победник во дербито со Партизан (ВИДЕО)

Црвена Звезда повторно покажа зошто е шампион, овојпат со пресврт во големото дерби против Партизан, славејќи со конечни 2-1. Иако титулата е обезбедена и натпреварот немаше резултатско значење за „црвено-белите“, желбата за победа над најголемиот ривал не изостана. На полувремето водеше Партизан, благодарение на погодокот на Алдо Калулу во завршницата од првиот дел. Сепак, тимот на Звезда не се предаде. Израмнувањето дојде дури во 84. минута преку Андрија Максимовиќ, а само три минути подоцна, Дурте го запечати триумфот со втор гол за домаќините. Со оваа победа, Звезда стигна до импресивни 89 бодови од 31 одигран натпревар – 29 победи и само два нерешени дуели. Партизан останува втор со 63 бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.