October 12, 2024 | | Свет
Златан Ибрахимовиќ беше еден од најдобро физички спремните играчи во Европа, а своевремено, еден и од најдобрите напаѓачи во светот. Но, некогашниот огромен бразилски талент Александро Пато раскажа една чудна приказна за Ибрахимовиќ. Во 2011 Швеѓанецот малку фалело Ибрахимовиќ да биде претепан од Огучи Ониеву а конфликтот почнал по еден остар старт на Ибра. „Ониеву продолжи да игра. Го нагази Ибрахимовиќ, но можеше да се види дека нема намера да го повреди сакаше да дојде до топката. Златан во еден момент застана и сите видовме како се затрчува кон Ониеву и стартува со две нозе за да го повреди. Ониеву навистина беше добар дечко, со големо срце. Ибрахимовиќ стана и се обиде да го фати за дрес за повторно да го сруши. Но, Огучи го совлада со неверојатна леснотија иако Ибра е огромен. Скокна врз него и се спремаше да го удри. Сите почнавме да викаме: „Застани, застани! Ќе го убиеш!““, раскажа Пато.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |