Анчелоти: Нема да заминам, сакам да останам уште четири години

January 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Нема да заминам, сакам да останам уште четири години

Карло Анчелоти одлучно ги отфрли гласините дека планира да го напушти Реал Мадрид ова лето. На прес-конференцијата пред натпреварот против Салцбург во Лигата на шампионите, тој ја разјасни својата позиција.

„Сакам да бидам јасен: никогаш нема сам да одлучам кога да го напуштам овој клуб, никогаш во мојот живот. Еден ден тој момент ќе дојде, но не знам кога ќе биде тоа. Може да се случи утре, за неколку натпревари, за една година, за пет години…“ изјави Анчелоти.
Италијанскиот стратег со насмевка додаде дека неговата цел е да го заврши мандатот на претседателот Флорентино Перез заедно со него.
„Флорентино ќе биде тука уште четири години, а јас сакам да останам до крајот на неговиот мандат. И можеме заедно да си заминеме,“ изјави Анчелоти, алудирајќи на својата посветеност кон клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.