Кејн: И ние го имаме она што го имаа сите шампионски тимови

July 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Кејн: И ние го имаме она што го имаа сите шампионски тимови

Англија во полуфиналето ќе се сретне со Холандија, а барем според обложувалниците, тие ќе бидат фаворити во овој натпревар. Иако со досадна и бавна игра, сепак тие се меѓу четирите најдобри селекции на ова првенство. Сепак, капитенот Хари Кејн е задоволен со тоа како напредуваат и начинот на кој се движат работите. „Па, ние сме во полуфинале, така што ни оди прилично добро. Мислам дека го одигравме најдобриот натпревар на овој турнир. Игравме против навистина добар тим. Швајцарија ни правеше проблеми во некои периоди, но и ние на нив. На момците треба да им се даде голема заслуга што се вратија од негатива од 1:0. Покажавме голема цврстина во текот на целиот турнир. Кога ќе ги погледнете шампионите на големите турнири, тие главно ја покажаа таа особина, а тоа е цврстината. И ние имаме многу од тоа“, вели Кејн. Според Opta пак, Англија падна на третото место според шансите кои ги имаат за освојување на Европското првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.